ТОП,Македонија

Променливо облачно со сончеви периоди

Променливо облачно со сончеви периоди

Утринската температура ќе се движи од минус пет до три, а дневната од пет до 11 степени.

Во Скопје слично време, променливо облачно со сончеви периоди. Утринската температура ќе се спушти до нула, а дневната ќе достигне до осум степени.

До понеделник ќе се задржи променливо облачно време со благо опаѓање на дневните температури, додека утринските во повеќе места ќе се спуштат под нулата. Пониски утрински температури се очекуваат и во понеделник, а од вторник времето ќе биде сончево со умерена облачност и со пораст на дневните температури кои ќе се движат од осум до 13 степени.