Променливо облачно со сончеви периоди и со слаб ветер

Променливо облачно време со сончеви периоди и со слаб променлив ветер кој попладне во поголемиот дел од земјата ќе преминува кон северен не очекува во текот на денешниот ден.

Утринската температура ќе се движи од два до осум, а дневната од  12 до 19 степени.

Во Скопје слично време, променливо облачно со сончеви периоди и со слаб прежно северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до четири, а дневната ќе се искачи до 17 степени.

Утре ќе има преодно стабилизирање на времето, а потоа продолжува период на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд. Повеќе врнежи ќе има во четврток.