Променливо облачно време со сончеви периоди

Променливо облачно време со сончеви периоди не очекува во текот на денешниот ден. Во северните делови со услови за слаб дожд.

Ќе дува умерен северен ветер, кој долж Повардарјето повремено ќе засилува. Утринската температура ќе се движи од девет до 14, а дневната од 14 до 21 степен.

Во Скопје променливо облачно време со сончеви периоди

Во Скопје ќе преовладува слично време. Во главниот град ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со умерен северен ветер кој повремено ќе засилува. Утринската температура ќе се спушти до 13, а дневната ќе се искачи до 18 степени.

До среда променливо облачно време

До среда променливо облачно време
До среда променливо облачно време

До среда ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди и релативно свежо. Ќе дува и слаб до умерен северен ветер.

Потоа ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а дневните температури полека ќе се покачуваат.