Во Скопје променливо облачно со повремено засилен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 16, а дневната ќе се искачи до 27 степени.
УВ-индексот ќе изнесува 4.
И во четврток се уште ќе има зголемена облачност, наместа и услови за локален дожд особено во јужните делови од земјава. И понатаму ќе биде ветровито со северен ветер.
Од петок се очекува времето да биде стабилно со постепен пораст на дневната температура.