Променливо облачно со умерен северен ветер

Времето во Македонија ќе биде променливо облачно со умерен северен ветер. Претпладне, како што најави УХМР во западните делови се уште ќе има услови за провејување на снег. Попладне облачноста ќе се намалува.

Утринската температура ќе се движи од минус четири до четири, а дневната од два до девет степени.

Во Скопје променливо облачно со умерен северен ветер

Во Скопје променливо облачно со умерен северен ветер
Во Скопје променливо облачно со умерен северен ветер

Во Скопје слично време, претпладне променливо облачно со умерен северен ветер, а попладне со сончеви периоди. Утринската температура ќе се спушти до нула, а дневната ќе се искачи до пет степени.

За време на викендот сончево време и потопло

За време на викендот ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност и малку потопло. Утре дневните температури ќе се движат од шест до 12, а во недела од пет до 14 степени. В недела по одделни котлини ќе има услови за појава на слаба магла.