Променливо облачно време со повремен дожд

Променливо облачно време со повремен локален дожд не очекува во текот на денешниот ден.

Од пладне на места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, особено во југоисточните делови.

Мининалната температура ќе се движи од 5 до 12 степени, а максималната од 15 до 22 степени.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно претпладне со сончеви периоди, а попладне со услови за појава на краткотраен дожд.

Ќе дува умерен до повремено засилен западен ветер. Мининалната температура ќе достигне до 11 степени, а максималната до 20 степени.