Променливо облачно време со повремен дожд

Променливо облачно време со повремен локален дожд не очекува денес. Врнежи од дожд ќе има особено во западните и северните делови од земјата. Ќе дува слаб повремено и умерен ветер претежно од југоисточен правец.

Утринската температура ќе се движи од три до девет, а дневната од 10 до 14 степени.

Во Скопје слично време, променливо облачно со повремен локален дожд и со слаб до умерен југоисточен ветер. Утринската температура ќе се спушти до шест, а дневната ќе се искачи до 12 степени.