понеделник, 29 мај 2017  |  Вести денес: 0

Променливо облачно време со повремен локален дожд

Утринската температура ќе се движи од седум до 14, а дневната од 21 до 26 степени.

soncevo-vreme-640x341

Последни вести

Времето во Македонија ќе биде променливо облачно, со кратки сончеви периоди, но и со повремени локални врнежи од дожд, наместа ќе има и појава на грмежи, особено во југоисточните делови каде на некои места се очекува да наврнат околу 30 литри на метар квадратен воден талог.

реку денот ќе дува умерен до засилен ветер претежно од северен правец.

Утринската температура ќе се движи од седум до 14, а дневната од 21 до 26 степени.

Во Скопје времето ќе биде сончево со умерена облачност. Во попладневните часови ќе има нестабилна облачност со краткотраен пороен дожд и со појава на грмежи. Утринската температура ќе се спушти до 13, а дневната ќе достигне до 26 степени.

Од четврток во попладневните часови се очекува повторно стабилизирање и извесно затоплување на времето.

Најчитани вести