Променливо облачно и врнежливо време

Времето  во Македонија ќе биде променливо облачно со локален слаб дожд, а на планините од слаб снег особено во претпладневните часови. Ќе дува слаб југоисточен ветер. Кон крајот на денот облачноста ќе се намалува.

Во Скопје слично време, претпладне променливо облачно со појава на слаб дожд. Кон крајот на денот облачноста ќе се намали, а ќе дува слаб југоисточен ветер.

Утринската температура ќе се спушти до три, а дневната ќе се искачи до 11 степени.

Во наредните денови ќе биде стабилно и суво, освен во петок попладне кога во југозападните делови ќе има услови за развој на облачност со локален дожд. Утринските температури и понатаму ќе се задржат околу нулата, а дневните ќе бидат во пораст.