Променливо време, со дожд и грмотевици

Времето претпладне во Македонија ќе биде сончево со мала облачност. Попладне облачноста ќе се зголеми и ќе има изолиран развој на нестабилност со пороен дожд, грмежи и повремено засилен северозападен ветер.

Температурата ќе се движи од 22 до 34 Целзијусови степени.

Во Скопје претпладне ќе биде сончево со мала облачност, а попладне облачноста ќе се зголеми и ќе има изолиран развој на нестабилност со пороен дожд, грмежи и повремено засилен северозападен ветер. Температура ќе достигне до 32 Целзијусови степени.

Во наредните денови во попладневните часови ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи.

За време на викендот времето ќе се стабилизира, а дневните температури ќе бидат значително повисоки.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.