Променливо време со сончеви периоди, вечер дожд

Променливо облачно со сончеви периоди не очекува во претпладневните часови од денот, а попладне почнувајќи од запад ќе има врнежи од дожд, кои во вечерните часови ќе се прошират кон исток.

На места врнежите ќе бидат пообилни (над 20 л/м2). Ќе дува умерен до засилен јужен ветер. На планините во западните делови кон крајот на денот врнежите ќе преминуваат во снег.

Променливо време со сончеви периоди, вечер дожд
Променливо време со сончеви периоди, вечер дожд

Температурата ќе се движи од шест до 18 степени.

Во Скопје претпладне ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а попладне ќе има врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен јужен ветер.

Температурата ќе достигне до 16 степени.

Слаб локален дожд ќе има и во петок.