Променливо време, температура до 13 степени

Во Македонија денеска ќе биде променливо облачно, а попладне во западните делови ќе има повремени врнежи од дожд кои во вечерните часови ќе се прошират и кон југоисточните делови.
Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен и јужен правец.

Утринската температура ќе се движи од нула до шест, а дневната од седум до 13 степени.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно, додека кон крајот на денот и во вечерните часови повремено ќе врне слаб дожд. Утринската температура ќе се спушти до два степена, а дневната ќе достигне до 11 степени.

Во недела во вечерните часови се очекуваат изолирани врнежи од дожд кои ќе бидат послаби по интензитет, а на повисоките планини врнежите ќе бидат од снег.