Македонија,Економија

Прометот во индустријата порасна за шест отсто

Прометот во индустријата порасна за шест отсто

Прометот во индустријата во април 2014 година, во однос на април 2013 година, бележи раст од 6,01 отсто, објави Државниот завод за статистика.

Прометот во индустријата остварен на домашниот пазар бележи опаѓање од 12,3 отсто, а прометот остварен на странски пазари пораст од 14,3 проценти.

Гледано по сектори, прометот во индустријата во секторот Рударство и вадење на камен во април 2014 година, во однос на април 2013 година, e помал за 8,8 отсто, а во секторот Преработувачка индустрија поголем за 6,9 отсто.

Според главните индустриски групи, прометот во април 2014 година, во однос на април 2013 година, има пораст кај Капитални производи за 35,5 отсто и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 0,5 отсто, додека опаѓање бележи кај Енергија за 93,2 отсто, Интермедијарни производи, освен енергија за 2,4 отсто и Трајни производи за широка потрошувачка за 8,7 отсто.

Прометот во индустријата во април во однос на март годинавањ е помал за 0,1 отсто, а во периодот јануари-април 2014 година, во однос на периодот јануари-април лани 2013 година, има раст од 9,9 проценти.