Економија

Прометот во индустријата лани остварил раст од 9,9 проценти

Прометот во индустријата лани остварил раст од 9,9 проценти

Според објавените податоци прометот остварен на домашниот пазар има раст од 1,2 отсто, а на странските пазари 8,6 отсто.

Гледано по сектори, прометот во индустријата во секторот Рударство и вадење камен во декември 2016 година, во однос на декември 2015 година, бележи пораст од 13,9 отсто, а во секторот Преработувачка индустрија од 6,4 отсто.

Според главните индустриски групи, прометот во декември 2016 година, во однос на декември 2015 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 5,9 отсто и Капитални производи за 16,8 отсто, додека опаѓање бележи кај Tрајни производи за широка потрошувачка за 1,0 отсто и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 2,1 отсто.

Прометот во индустријата во декември 2016 година, во однос на ноември 2016 година, има намалување за 16,9 отсто.