Македонија

Прометот во индустријата зголемен за 12,2 отсто

Прометот во индустријата зголемен за 12,2 отсто

Раст од 12,2 отсто на прометот во индустријата во месец јули годинава за разлика од истиот месец лани.

Прометот во индустријата остварен на домашниот пазар во јули 2014, во однос на јули 2013 година, бележи опаѓање од 14,4 отсто, а прометот остварен на странски пазари бележи пораст од 24 проценти, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Прометот во индустријата во секторот Рударство и вадење на камен бележи опаѓање од 3,1 отсто, а во секторот Преработувачка индустрија пораст од 13 проценти.

Според главните индустриски групи, пораст од 5 проценти се бележи кај Интермедијарни производи, освен енергија, Капитални производи за 30,9 и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 10,4, додека опаѓање има кај Енергија за 98,1 отсто и Трајни производи за широка потрошувачка за 14 проценти.

Прометот во индустријата,пак во јули 2014 година, во однос на претхдниот месец има пад од 3,2 отсто, додека во периодот јануари-јули 2014 година, во однос на периодот јануари-јули 2013 година има раст од 12,3 проценти.