Промоција на книгата „Здивот на тишината“ во Матица

Во мултимедијалниот културен центар „Матица екслузив“ од Скопје, на 12 ноември 2015 година во 13 часот ќе се одржи промоција на романот „Здивот на тишината“ од Јован Дамјановски.

За најновото дело на писателот кој живее и работи во Тетово ќе зборува Раде Силјан.

matica-damjanovski

Јован Дамјановски е автор на богат прозен опус. Ги објавил романите: „Америка е само во Америка“, „Нежната прашинка на заборавот“ , „Викенд во младоста“ , „Танцот на ветровите“, „Самоубиство на глувците“ , „Диви Магнолии“, „Жолта минута“, „Сенките на сонот“, „Време за времето“, „Вештачки сон“ и „Мирисот на лагата“.

Добитник е на наградата на град Тетово.