Промоција на англиската верзија на евровизиската песна на Кајмакоски

Македонската радиотелевизија денеска во Дневникот 1 во 17 часот ќе ја промовира англиската верзија на евровизиската песна „Autumn Leaves“, со која Даниел Кајмакоски ќе ја претстави Македонија на 60-тиот Избор на песна на Евровизија во Виена.

Автор на музиката и текстот на „Autumn Leaves“ е шведскиот композитор Јоаким Персон, а за аранжманот и продукцијата се погрижи македонскиот музички продуцент Роберт Билбилов.

– Истовремено за македонската јавност ќе биде промовиран и видеозапис преку кој Даниел Кајмакоски на интересен начин ја раскажува приказната на песната, соопшти МРТ.