Промоција на Антологија на балканската поезија во општина Илинден

Антологија на балканската поезија насловена „Светиот пат“, што ја приреди македонскиот поет и литературен критичар Раде Силјан, ќе биде промовирана вечер во Домот на културата во општина Илинден во рамки на литературната манифестација „Илинден 2015“.

Делото ќе го промовираат Паскал Гилевски и Стефан Влахов Мицов, а стихови ќе читаат десеттина македонски писатели, како и неколкумина писатели од Црна Гора, Грција и Бугарија.

Во антологијата „Светиот пат“, на која авторот работел над 30 години, застапени се 206 автори од 12 балкански држави: Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Грција, Косово, Македонија, Романија, Словенија, Србија, Хрватска, Турција и Црна Гора.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.