Промоција на антологија на балканската поезија

Во рамките на литературната манифестациоја “Илинден 2015“, во Домот на културата на општината утре во 19 часот ќе биде промовирана антологијата на балканската поезија под наслов “Светиот пат“, што ја приреди македонскиот поет и литературен критичар Раде Силјан, а ја објави Книгоиздателството “Матица македонска“ од Скопје.

Делото ќе го промовираат Паскал Гилевски и Стефан Влахов Мицов, а стихови ќе читаат десеттина македонски писатели, како и неколкумина писатели од Црна Гора, Грција и Бугарија.

Во антологијата “Светиот пат“, на која авторот работел над триесет години, застапени се двесте и шест автори од дванаесетте балкански држави: Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Грција, Косово, Македонија, Романија, Словенија, Србија, Хрватска, Турција и Црна Гора.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.