Промоција на антологија на современата словенечка поезија

Во мултимедијалниот културен центар „Матица ексклузив“ во Скопје, утре во 19 часот ќе се одржи промоција на антологијата на современата словенечка поезија под наслов „И ти светнува парче убавина“, во избор и препев на Викторија Блажевска и Соња Должан.

За најновиот проект на „Матица македонска“ ќе говорат проф.д-р Весна Мојсова Чепишевска и амбасадорот на Словенија во Република Македонија, Милан Јазбец.

Изданието финансиски е помогнато од  Трубарјев склад при Друштвото на писателите на Словенија и Амбасадата на  Република Словенија во Република Македонија.