Промоција на делото „Мирисот на лагата“ на Јован Дамјановски

Во Паркот на книгите продолжува славењето на зборот, словото и книгата.

Во 12:00 часот денеска ќе биде промоцијата на најновото дело од Јован Дамјановски, „Мирисот на лагата“.

За делото ќе говори Раде Силјан.

Со овие активности, во Паркот на Книгите продолжува Саемот на книгата „Книга во секој дом“.