Промоција на „Едностојно треперејќи“ од Ласло Шимон

Промоција на поетската книга „Едностојно треперејќи“ од познатиот унгарски поет Ласло Л. Шимон, во препев на македонски јазик на Паскал Гилевски ќе се одржи во мултимедијалниот културен центар „Матица ексклузив“ од Скопје на 4. овој месец.

За изданието ќе зборуваат писателот Раде Силјан и Јожеф Бенце, амбасадор на Република Унгарија во Република Македонија, а стихови ќе интерпретира Антонио Павловски.

Локација: Мултимедијален културен центар „Матица ексклузив“ – Парк на книгите