Промоција на електромобили и електровелосипеди

Јавното претпријатие „Градски паркинг“ денеска ќе ги претстави електромобилите и електровелосипедите на пунктот за изнајмување на овие возила на плоштадот „Македонија“.

На промоцијата ќе присуствуваат градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски и директорот на ЈП „Градски паркинг“, Борче Јакимовски.