Промоција на Енциклопедиај на ВМРО 1893-1934 година

 

Во Музејот на македонската борба за државност и самостојност, на 25 декември (петок), во 12.30 часот ќе се одржи промоција на првата „Енциклопедија на ВМРО 1893-1934 година“,што ја подготвија проф.д-р Никола Жежов, проф.д-р Мирјана Нинчоска и доцент д-р Теон Џинго, во издание на Матица македонска.

Во ова дело од капитално значење застепени се над три илјади одредници, богато илустрирани од познатиот македонски ликовен уметник и дизајнер Кочо Фидановски.

На промоцијата воведна реч ќе има Никола Жежов,главен редактор на изданието,а Енциклопедијата ќе ја промовира проф. д-р Виолета Ачковска. Обраќање ќе има и д-р Елизабета Канческа Милевска, министер за култура во Владата на Република Македонија.