Промоција на „Huawei P10“ во Телеком продавницата во Сити мол

Македонски Телеком во четврток на 20 април организира специјална промоција на „Huawei P10“ во Телеком продавницата во Сити мол. Во текот на целиот ден, предвидени се бројни изненадувања за корисниците кои што со нетрпение го очекуваат најновиот модел на Huawei.

Најновиот „Huawei P10“ едноставно има извонреден, премиум и модерен дизајн. Тој е ултра тенок, потполно рамен и заоблен. Телефонот овозможува уникатно искуство со камерата, а фотографиите, пред сè портретите, стануваат уметнички благодарение на новата Leica  двојна камера.

„Huawei Р10“ функционира со најмоќниот осумјадрен Kirin 960 процесор и последна верзија на Android оперативен систем.