Промоција на книга на Александра Јуруковска

Во Мултимедијалниот центар „Матица ексклузив“ денеска со почеток во 19:00 часот ќе биде промовирана книгата „Ткаење на текстот“ од Александра Јуруковска. Книгата ќе ја промовираат Лилјана Грџо Дамовска – новинар Мерсиха Исмајлоска – книжевник.

„Ткаење на текстот “ е збирка кртички текстови за македонски книжевни дела објавувани во периодот од 2008-2013 година. Книгата содржи 41 рецензија за исто толку наслови и два поголеми осврта за книжевната сцена во Македонија во календарските 2010 и 2011 година , објавувани во дневниот весник „Дневник“.

Меѓу рецензираните наслови има и голем број дебитатнтски дела на млади македонски автори, за кои многу често текстот на Јуруковска е и единствоно видување и оценка дадено досега. Меѓу насловите има и дела наградени со некои од домашни и меѓународни највисоките награди и признанија „Роман на годината“, наградата за поезија „Браќа Миладиновци“,наградите за поезија и проза на Друштвото на писателите на Македонија, „Балканика“, како и наградата за литература на Европската унија.

Александра Јуруковска е родена 1981 година во Скопје. Дипломирала на Катедрата за општа и компаративна книжевност при Филолошкиот факултет „Блаже Конески“.На истата катедра во 2012 година магистрира со труд од областа на интердисциплинарните односи на книжевноста и медиумите.