Промоција на книга на Стојан Андов

Утре во мултимедијалниот културен центар „Матица ексклузив“ во 12 часот ќе се одржи промоција на книгата „Јосип Броз Тито и распаѓањето на Југославија“ од Стојан Андов.

За најновото дело на познатиот политичар, публицист и прозен автор ќе говори проф. д-р Гордана Силјановска Давкова.

Стојан Андов во последниве десет години по активното повлекување од политиката ги објави мемоарските дела: “На мој начин”, “Источни патувања” и “Од мој агол”, како и романите “Стравот и љубовта”, “Кицо американецот” и “Враќањето на американецот”.