Промоција на книга од Томаж Шаламун

Во мултимедијалниот културен центар „Матица екслузив“ во Паркот на Книгите во среда со почеток во 18 часот, книгоиздателството „Матица македонска“ во соработка со амбасадата на Република Словенија во Република Македонија, ќе ја промовира книгата „Моите песни се како светлосни бомби“ од познатиот словенечки поет Томаж Шаламун. Изборот на песните и препевот од словенечки на македонски јазик го направија  Викторија Блажевска и Соња Должан. За изданието ќе говори проф.д-р Весна Мојсова Чепишевска, а свое обраќање ќе има и амбасадорот Бранко Раковец. Стихови ќе интерперираат Исток Улчар и Антонио Павловски.

Томаж Шаламун (1941-2014) спаѓа во редот на најистакнатите современи словенечки поети. Автор е на богат творечки опус, високо вреднуван од страна на светската критика. Негови дела се преведени на осумнаесет јазици. Добитник е на најзначајните национални награди во Словенија, како и на престижни светски признанија, меѓу кои и на Златниот венец на Струшките вечери на поезија.