Промоција на книга за локалната самоуправа од Жика Стојановски

Книгата „Управување со современите фактори на растот на локално ниво – градење локална самоуправа заснована на знаење“ од м-р Жика Стојановски ќе биде промовирана утре во 18 часот во мултимедијалниот културен центар „Матица екслузив“ од Скопје.

За делото ќе говорат проф.д-р Наталија Николовска и проф.д-р Пеце Недановски.

Промоција на книга за локалната самоуправа од Жика Стојановски
Промоција на книга за локалната самоуправа од Жика Стојановски

Жика Стојановски (1963) е актуелен градоначалник на Општина Илинден. Магистрирал на Економскиот факултет при универзитетот Свети Кирил и Методиј во Скопје. Под мотото „Да ги искористиме силните страни на Општината Илинден“ како градоначалник има значителен придонес за локалниот економски развој во општина Илинден како успешна инвестициска дестинација.