Промоција на книгата „Царка Ветерка“ од Љубинка Донева

 

Во мултимедијалниот културен центар „Матица екслузив“ од Скопје, утре  во 13 часот ќе се оджи промоција на книгата за деца и младинци „Царка ветерка“ од Љубинка Донева. За најновото издание на издавачката куќа „Панили“ ќе говори проф.д-р Виолета Димова.

На страниците од прозната книга „Царка ветерка“, авторката влегува во тајните на децата и на оригинален начин, духовито и креативно им доближува на читателите еден интересен свет во кој младите, со љубопитство можат да учат за силата на љубовта и добрината, за слободата и мислењето и за се она што влијае во оформувањето на една здрава,млада личност.

„Царка ветерка“ е четиво што се чита во еден здив, се констатира во препораката на ова издание.

Мултемидејален центар Матица

Парк на Книгите

18 ноември, петок

13:00 часот