Промоција на книгата „Драматичната 1991 година“ од Стојан Андов

Во салата на Кинотеката на Македонија, на 30-ти ноември во 20 часот ќе биде промовирана книгата „Драматичната 1991 година“, студии и сеќавања на Стојан Андов, прв претседаетел на Собранието на независна Република Македонија.

Со овој чин ќе биде одбележана и 80-годишнината од раѓањето на познатиот политичар, публицист и писател. За новото дело и за богатиот творечки опус на авторот ќе говорат: Раде Силјан, Јордан Плевнеш и Блаже Миневски.

andov-kniga-2

Извадоци од книгата ќе читаат артистите Мето Јовановски и Роберт Вељановски.

Стојан Андов (1935,Кавадарци) е автор на книгите: „На мој начин“, „Источни патувања“, „Од мој агол“, „Стравот и љубовта“, „Кицо Американецот“, „Приказната на Марија“ и „Јосип Броз Тито и распаѓањето на Југославија“.