Промоција на книгата „Лоши песни“ од Братислав Ташковски

Книгата „Лоши песни“ од Братислав Ташковски, добитник на наградата за поезија „Ацо Шопов“ на Друштвото на писателите на Македонија за 2013 година, ќе биде промовирана утре во 12 часот во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ во Скопје.

За наградената книга ќе зборуваат проф. д-р Лорета Георгиевска – Јаковлева и проф. д-р Лидија Капушевска – Дракулевска, а делови од поезијата на Ташковски ќе интерпретира  актерот Томе Витанов.

Братислав Ташковски  е поет, романсиер, драмски автор, есиеист и публицист. Објавил петнаесет првоиздадени поетски книги, шест поетски избори, четири романи, четири драми и една книга есеи. Со посебни книги е преведен на англиски, албански и бугарски јазик, а делови од неговото творештво се преведувани на француски, руски, турски, словенечки, српски, полски, шпански и русински јазик. Застапуван е во многу антологиски избори од македонската поезија.

Добитник е на наградите „Студентски збор“, „Млад Борец“, „ Браќа Миладиновци “, „Рациново Признание“ „Ацо Шопов“ и на „Државната награда од областа на публицистиката“. Покренувач е и главен уредник на списанието за книжевност и клутура АКТ.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.