Македонија

Промоција на книгата „Сега знам“ посветена на Љубе Цветановски

Промоција на книгата „Сега знам“ посветена на Љубе Цветановски

Во Домот на културата „Драги Тозија“ во Ресен денеска ќе се одржи промоција на стихозбирката „Сега знам“ од битолскиот поет Зоран Пејковски.

Книгата, која е во издание на издавачката куќа „Македонија Презент“ од Скопје, целосно е посветена на прерано починатиот поет, прозаист и телевизиски и филмски творец Љубе Цветановски.

За поетската книга „Сега знам“ покрај авторот ќе говорат и критичарите Панде Манојлов, Петре Димовски и Христо Петрески.