Промоција на книгата „Семеен албум“

Книгата „Семеен албум“ од  проф.д-р Весна Мојсова Чепишевска ќе биде промовирана утре во 19:00 часот во мултимедијалниот културен центар Матица, во Паркот на Книгите.

Во своето најново дело познатата македонска авторка и универзитетски професор пишува за современи теми врзани со книжевниот Балкан и за местото на македонската литература и култура во него.

За научните и творечки пораки на „Семеен албум“ ќе говори проф.д-р Ангелина Бановиќ Марковска. Фрагменти од книгата ќе читаат студентите од катедрата за македонска книжевност и јужнословенски книжевности при Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, Марија Костадиновска и Елена Остреска.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.