Промоција на книгата „Соборните храмови во Македонија од времето на преродбата“ од проф.д-р Димитар Ќорнаков

Во мултимедијалниот центар „Матица екслузив“ на 12 февруари (среда) во 12 часот ќе биде промовирана колор-монографијата „Соборните храмови во Македонија од времето на преродбата“ од проф.д-р Димитар Ќорнаков, долгогодишен истражувач на богатото културно наследство на нашата земја. За вредностите на ова ретко дело ќе говори проф.д-р Ратомир Гроздановски.

-Соборните храмови во Македонија од времето на Преродбата, заземаат значајно место во културната историја на Македонија. Тие се споменици на културата со извонредни историско-уметнички вредности, исполнети со богати содржини: архитектура, фрескоживопис, иконопис и резбарски дела.

Димитар Ќорнаков ( Стојаково, 1927) е автор на монографските дела: „Творештвото на мијачките резбари на Балканот од крајот на 18 век“, „Македонска резба“, „Македонски манастири“, „Резбарски центри во Македонија“, „Петре Гарката“, „Од Првиот грев до Страшниот суд“, „Цркви и манастири во Тиквешијата“, „Копаничарот Макариј од Галичник“, „Полошки манастир Св.Ѓорѓи“, „Слимнички манстир“, „Царски двери“, „Копаничасот Димитар Станишев од Крушево“ , „Од Рождество до Распетие и Воскресение“ и др.

За своето творештво е добитник на бројни општествени признанија и награди, а во 2008 година му беше доделена наградата „Св. Климент Охридски“ за животно дело.