Промоција на „Култура и меморија“ од Марта Марковска

Во просторoт на книжарицата Матица Ексклузив, денеска во 19 часот, ќе се одржи промоција на книгата „Култура и Меморија“ од Марта Маркоска.

Книгата обработува теми од современите научни истражувања во полето на Културологијата: културната меморија како феномен на селективно помнење, времето и просторот како физички, но и антропоморфни феномени, филмот како метајазик на психичките сензации преточени во визуелен код, театарот како атар на другоста и неговата амбивалентност во општеството и телото како предмет на општествени конструкции и деконструкции.

Промотори на книгатa ќе бидат Ангелина Бановиќ – Марковска и Иванка Апостолова.

Марта Маркоска е поет, раскажувач, есеист, истражувач. Покрај книгата „Култура и меморија“, досега ги има објавено книгите:

  • Научната студија „Расправа за Зен будизмот (религиско-филозофски трансценденции помеѓу источната и западната мисла)“, Матица, 2013
  • Збирката песни „Стрмоглаво кон височините“ (награда Ацо Караманов, 2012),
  • Збирката есеи „Хипер Хипотези“ (Институт за македонска литература, 2011)
  • Збирката раскази „Вител во Витлеем“ (Темплум, 2010) и
  • Збирката песни „Сите притоки се слеваат во моето корито“ (Темплум, 2009)