Промоција на културното наследство на Македонија

Меѓународна промоција на културното наследство на Македонија
Меѓународна промоција на културното наследство на Македонија

Kултурно наследство во Македонија во ноември годинава ќе биде претставено на два исклучително значајни меѓународни настани во Италија и во Франција, соопшти Министерството за култура, објави МИА.

По успешното претставување на меѓународната манифестација Берза за археолошки туризам во Пестум, Италија, во тек се активностите за повторно претставување на Република Македонија на овој значаен настан.

Во ноември 2014 година Македонија прв пат на овој саем беше преставена преку Управата за заштита на културното наследство. Берзата е меѓународен настан во кој Италија и други земји, гости од цел свет, ги претставуваат своите културни богатства преку различни активности, разменувајќи искуства и презентирајќи ги најпознатите археолошки наоѓалишта, сакрални споменици и природни богатства.

Според податоците на организаторите, минатата година биле евидентирани 10.000 посетители, 130 изложувачи од 25 странски земји, 50 конференции и состаноци, 300 предавачи, 100 новинари и претставници од UNWTO, UNESKO и ICCROM.

На крајот од годинава, културното наследство прв пат ќе биде претставено и на Меѓународниот саем за културно наследство во Париз, кој ги обединува професионалците од областа на реконструкцијата и заштитата на материјалното и нематеријалното културно наследство.  Саемот се одржува во престижниот амбиент на „Carrousel du Louvre“ и претставува настан од суштинско значење како збирно место за припадниците на секторот за културно наследство уште од 1994 година, стои во соопштението од Министерството за култура.

Канческа – Милевска: Без почит кон сопствената култура и историја, неможе да постои иднина

Без почит кон сопствената култура и историја, неможе да постои иднина
Без почит кон сопствената култура и историја, неможе да постои иднина

Проектите кои Владата на Република Македонија ги реализира во полето на културата и културното наследство се од исклучителна важност за граѓаните на земјата и за нејзините идни поколенија и генерации.

Ова го истакна министерката за култура на Република Македонија, Елизабета Канческа-Милевска, во нејзиниот говор во кампот на „Чуварите на демократијата“.

Таа нагласи дека без почит кон својата сопствена култура, без почит кон својата сопствена историја и сето она што го дава нашиот дигнитет не може да постои иднина за Република Македонија.

Ниедна влада досега нема посветено толку внимание кон нашите историски корени, личности кои оставиле значителен белег за Република Македонија, поддршка кон уметничките вредности кои ги поседуваме, изјави Канческа-Милевска.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.