Промоција на „Лице в лице“ во општина Аеродром

Општина Аеродром почна да објавува текстови со коишто се промовира работата на невладините организации на нејзината територија со кои активно соработува, како и активностите што ги реализираат овие здруженија. Општината денеска ја промовираме невладината организација „Лице в лице“, која издава сопствено списание со истото име.

„Лице в лице“ е списание кое го продаваат бездомници, младинци од улица, лица со посебни потреби и други социјално ранливи групи граѓани и тоа исклучиво на улица. Тие, освен во продажбата, се вклучени и во едукативна програма со чија помош добиваат вештини за полесно да се снајдат продавајќи го списанието на улиците, но и воопшто, на пазарот на трудот, како и во животот. Продавачите се вклучени и на сите промотивни настани за секој број на изданието, отвораат изложби, понекогаш се и водители, а нивните приказни може да се најдат како редовна содржина во уличното списание.