Промоција на „Македонска национална програма“ од Стефан Влахов Мицов.

На шести декември (вторник) во 12 часот во мултимедијалниот културен центар „Матица екслузив“, во Паркот на книгите, ќе биде  промовирана книгата „Македонска национална програма“ од проф. д-р Стефан Влахов Мицов.

За најновото издание на „Матица македонска“ печатено во тираж од пет илјади примероци ќе говорат проф.д-р Драгица Поповска и  публицистот и дипломат Ристо Никовски.

За разлика од сите нации на Балканот, единствено Македонците немаат целосна национална програма, независно што, за разлика од повеќето балкански народи во периодот од 15 до 18 век постои македонски протонационализам. Во изминатиот период, македонскиот народ живееше со идеата за национално и социјално ослободување. Но, тие идеи и концепти, не беа хомогени, бидејќи самиот народ беше подложен на различни политички, идеолошки, економски и културни притисоци, влијанија и пропаганди, се констатира во редакциската препорака кон изданието.

Стефан Влахов-Мицов (1956) е автор на богат научно истражувачки опус. Негови најзначајни дела се: „Филозофскиот клуч за македонскиот идентитет“, „Држава како се гради и брани“, „Балканска психологија – државници и марионети“, „Творечки дострели во македонски дух“ и „Филозофија на балкансиот пекол“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.