Магазин

Промоција на монографијата „Моделирање на педагошката работа на балетските репетитори“ од Тања Вујисиќ-Тодоровска

Промоција на монографијата „Моделирање на педагошката работа на балетските репетитори“ од Тања Вујисиќ-Тодоровска

Монографијата „Моделирање на педагошката работа на балетските репетитори“ од Тања Вујисиќ-Тодоровска ќе биде промовирана в среда во фоајето на Македонската опера и балет.

За значењето на книгата ќе говорат проф.д-р Снежана Адамческа, проф.д-р Стефанија Лешкова и проф. Елеонора Стебљак, народен артист од Украина.

Монографијата на Тања Вујисиќ – Тодоровска претставува прв научен труд во Република Македонија, кој го третира комплексниот проблем на моделите на педагошката работа на репетиторите во балетската уметност. Според својата научно-методолошка структура и физиономија ова дело поседува елементи на уникатен пристап кон педагошките димензии, констатира Снежана Адамческа.

Вујисиќ-Тодоровска е исклучително име во балетската уметност . Нејзината долгогодишна уметничка активност е подеднакво успешна и на сценската и во педагошката дејност. Во текот на дваесет и петгодишната активна уметничка балетска кариера, на сцаната на Македонскиот балет како примабарелина одигра повеќе од четириесет водечки улоги во повеќе од триста претстави. По заокружувањето на својата активна сценска кариера се посвети на педагошка дејност и работи како раководител на Катедрата за балетска педагогија и како професор по предметите Методика на класичен балет и репертоар на  Факултетот за музичка уметност при Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје.