Промоција на надградбата на електронскиот шалтер

Во организација на Агенцијата за катастар на недвижности и Нотарската комора денеска ќе се промовира надградбата на електронскиот шалтер, во делот на електронското доставување на пријавите и исправите врз основа на кои се бара запишување во Катастарот на недвижности од страна на нотарите.

На промоцијата ќе присуствуваат директорот на Агенцијата за катастар на недвижности Славче Трпески и претседателот на Нотарската комора Зорица Пулејкова.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.