сабота, 24 декември 2016  |  Вести денес: 0

Промоција на нова книга од Катица Ќулавкова

zlaten-presek-naslovna

Поврзани вести

Во едицијата „Хераклеја“ на Книгоиздателството „Матица македонска“ одСкопје, излезе од печат избор од поезијата на современата македонска писателка Катица Ќулавкова под наслов „Златен пресек“ .

На страниците од ова дело застапени се шеесет песни поделени во шест тематски циклуси, во кои се презентираат високите естетски остварувања на познатата авторка. Кон изданието е поместен поговор од универзитескиот професор и писател Владимир Мартиновски.

zlaten-presek-1

Катица Ќулавкова (Велес,1951) е автор на стихозбирките: Благовести, Акт, Нашиот согласник, Нова пот, Жедби, Престапни години, Домино, Изгон на злото, Меѓусвет, Слеп агол, Тенок мраз, Кога ни гореше под нозете и Хаику елегии.

Нејзини книги се преведени на англиски, француски, романски, португалски, италијански, хрватски, српски и бугарски јазик. Добитник е на национални и меѓународни книжевни награди, меѓу кои и на државната награда „11 Октомври“ за животно дело.

 

Најчитани вести