Промоција на нова облека за туристичката стража

Новоизработената античка облека за туристичката стража во организација на Градот Скопје и Ј.У. Детски културен центар „Карпош“ денес ќе биде промовирана на плоштадот „Филип II“.

„Туристичката стража“, чија цел е промоција на туризмот на градот Скопје, опфаќајќи повеќе временски периоди од антиката до современиот историски период, се спроведува веќе четврта година.

Младите луѓе облечени како македонска фаланга и девојки кои го претставуваат античкиот период, како што велат организаторите, предизвикуваат особено внимание кај туристите.

фото: skopje info