Македонија,Економија

Промоција на новата кредитна линија на ЕБОР пред претставниците на локалната самоуправа

Промоција на новата кредитна линија на ЕБОР пред претставниците на локалната самоуправа

Министерот за економија, Ваљон Сараќини, денеска во рамките на активностите за промоција на новата кредитната линија на Европската банка за обнова и развој (WeBSEFF 2) од Регионалната Програма за енергетска ефикасност за Западен Балкан пред стопанските комори и единиците на локалните самоуправа, ќе учествува на презентацијата овојпат наменета за претставниците на локалната самоуправа.

На промоцијата ќе учествуваат претставници на Европската банка за обнова и развој, министерот за локална самоуправа Тахир Хани, претседателот на ЗЕЛС и градоначалник на Скопје Коце Трајановски и градоначалниците, кои ќе имаат можност да се запознаат со кредитните линии наменети за финансирање на проекти за енергетската ефикасност и обновливи извори на енергија, за кои можат да aплицираат општините и другите лица од јавниот сектор кои ќе изразат интерес да спроведат проекти за енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија.