Промоција на отчетот на ВМРО-ДПМНЕ

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ утре ќе имаат промоција на сработеното во изминатиот период, најави премиерот Никола Груевски.

„Утре во 12,30 часот ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ќе го промовира отчеток, кој е готов, а кој што утре ќе биде дистрибуиран и достапен за сите граѓани“, рече Груевски.

Отчетот, како што рече, не е еднократен, туку тоа е дел од нормалното работење на партијата. Според него, етично е кога ќе се заврши мандатот да се заврши она што е сработено, да се утврдат активностите што се во тек, а она што не е сработено да се образложи.