Македонија

Промоција на „Отворена книга“ на Раде Силјан

Промоција на „Отворена книга“ на Раде Силјан

Во рамките на активностите „Велес  град на културата“, утре во 12 часот во свечената сала на градската библиотека „Гоце Делчев“ ќе биде промовирана стихозбирката „Отворена книга“ од Раде Силјан, издание на „Матица македонска“ од Скопје.

За најновото дело на познатиот поет и литературен критичар ќе зборува проф.д-р Златко Жоглев, ректор на универзитетот „Свети Климент Охридски“ од Битола.

Стихови од книгата ќе интерпретираат Слободанка Чичевска и Игор Крајчев.