Промоција на „Патот до врвот“ од Лефтер Манче

Промоција на „Патот до врвот“ од Лефтер Манче
Промоција на „Патот до врвот“ од Лефтер Манче

Во Музејот на македонската борба, утре во 19 часот ќе биде промовирана автобиографијата „Патот до врвот“ од др. Лефтер Манче, во издание на Матица македонска.

Делото ќе го промовираат Паскал Гилевски, Христофер Џавела и Мишо Китановски.

Лефтер Манче ја доживува судбината на илјадниците македонци прогонети за време на Граѓанската војна во Грција. Роден е во село Загоричани 1935 година. Како дете бегалец и прогнаник својата животна одисеја ја продолжува во Унгарија каде што ќе заврши два факултети и ќе стане еден од најпрестижните светски доктори. Лефтер Манче живее во Будимпешта, Унгарија и Отава, Канада. Спаѓа во редот на најистакнатите македонци кои во континуитет ја афирмираат македонската вистина.

 

 

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.