Промоција на песната „Дона“ со која Калиопи ќе настапи на Евросонг

Песната „Дона“ со која Калиопи ќе ја презентира земјава на Изборот за песна на Евровизија во Стокхолм ќе биде промовирана вечерца во винскиот клуб „Воденица“.

Композитор на песната е Ромео Грил.

Калиопи по втор пат ќе настапи на најголемиот музички фестивал. Таа во 2012 година со песната „Црно и бело“ настапи на Евровизија во Баку, Азербејџан, и се пласираше на 13 место.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.