Магазин

Промоција на поетска книга од Шандор Петефи

Промоција на поетска книга од Шандор Петефи

Во мултимедијалниот културен центар „Матица екслузив“, Книгоиздателството „Матица македонска“и Амбасадата на Република Унгарија во Република Македонија, на 12 март (среда) во 12 часот  ќе го промовираат изборот поезија „Лира и меч“ од Шандор Петефи, во препев на македонски јазик на Паскал Гилевски.

Беседа за животот и делото на големиот унгарски поет ќе одржи поетот и литературен критичар Раде Силјан. Во рамките на овој настан ќе биде отворена и изложба на графики од унграскиот сликар и графичар Вилмош Аба-Новак.

На свеченоста ќе се обрати унгарскиот амбасадор д-р Јожеф Бенце, кој ќе говори за соработката на двете држави и за националниот празник на Унгарците.