Промоција на порталот Администрација.мк

Во Министерството за информатичко општество и администрација денеска ќе биде промовиран веб-порталот Администрација.мк.

Промоцијата доаѓа по неодамнешното добивање можност Македонија во глобалниот интернет простор да користи кириличен домен, а новиот веб-портал ќе го претстави министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски.